Чиста вода за пиење во Ново Село

Заврши изградбата на новиот систем за снабдување на населението со чиста вода за пиење во Општинскиот центар Ново Село кај Струмица.
Елмо-Техна ја изгради филтер-станицата за прочистување на водата за пиење. За овој комунален зафат потрошени се средства обезбедени од домашни извори и од странски донации.
Предходниот водоводен систем во Ново Село, што брои околу 3.000 жители и речиси 700 семејства, бил изграден пред повеќе од 30 години, не ги задоволуваше потребите на населението и индустриските капацитети.
Погледнете ја официалната страна на општина Ново Село