Водици 2011 во Охрид

Елмо-Техна го посети Охрид за Водици каде заедно со преку 10.000 гости и посетители по прекрасното сончево време го проследија спектаклот за верскиот христијански празник Богојављение - Водици.
Елмо-Техна ја посети и уникатна манифестација ДЕН НА РИБАРИТЕ, масовно капење на рибарите за бериќет во риболовот, која традиционално се одржа на православниот празник Свети Јован Крстите. Настанот беше збогатен со изложба на риболовен алат и начини на кои се ловело риба, од праисторија до денес на Охридско Езеро. Манифестацијата беше збогатена со штандови на кои угостителите од Охрид за посетителите нудеа греана ракија, вино, плашици и рибина чорба.
Елмо-Техна присуствуваше на масовното крштевање на триесет лица во водите на осветеното Охридско езеро.
Погледнете ја нашата галерија