ENG SQ
Би можеле ли да одиме по вода?

Со векови луѓето се занимавале со идејата дека еден ден можеби ќе можеме
да се движиме по вода. Во 15 век и Леонардо Да Винчи измислил пар чевли за одење по вода, а во 1988 еден француски забавувач го изоди Атлантскиот Океан со помош на пловни скии. 

Во природата има околу 1200 видови животни кои можат да одат по вода,  но помалите животинчиња како што се инсектите и пајаците го употребуваат површинскиот напон на водата за да се движат по неа. Некои гуштери всушност трчаат многу брзо и со удирањето на стапалата на водата тие создаваат сила за да се одржат над водата. Но, за човек да може да трча по водата, тој треба да може да трча со брзина од 110 километри на час, што е физички невозможно за луѓето. Затоа мора да мамиме и да измислуваме направи за одење по вода. Најголем дел од измислените направи имаат улога да ја зголемат пловноста и се засноваат на дизајните на Да Винчи. 

Другиот начин е да се зголеми динамичната сила, тоа е надворешна сила која дејствува на телото. Силата го влече телото во насока паралелна со површината на водата. Ова може да се види кога глисер влече скијач на вода.